За малите и средните бизниси грантови до 750.000 евра

Bez autora
Dec 01 2011

Компанијата "Стилком", отворена пред два месеца во Куманово, е една од успешните приказни произлезени од користењето на програмите на Кралството Холандија за помош на македонските мали и средни бизниси. Овој и сличните примери беа повод дури 120 македонски бизнисмени да присуствуваат на вчерашната презентација на холандските програми во Стопанската комора на Македонија. Холандската помош има четири програми за малите и средните претпријатија. Се нуди посредништво за пронаоѓање холандски партнери за трговија и инвестирање, експертиза, помош за извоз и заеднички вложувања на македонски и холандски фирми. Овие програми не се нови, но чувствуваме дека македонските фирми не се доволно информирани за нив, па затоа сега ги презентираме. Таа вели дека македонските компании досега биле најзаинтересирани за помошта во експертиза, а досега не е искористен целосниот потенцијал на ниту една од програмите.

За малите и средните бизниси грантови до 750.000 евраКомпанијата "Стилком", отворена пред два месеца во Куманово, е една од успешните приказни произлезени од користењето на програмите на Кралството Холандија за помош на македонските мали и средни бизниси.

Овој и сличните примери беа повод дури 120 македонски бизнисмени да присуствуваат на вчерашната презентација на холандските програми во Стопанската комора на Македонија.

- Холандската помош има четири програми за малите и средните претпријатија. Се нуди посредништво за пронаоѓање холандски партнери за трговија и инвестирање, експертиза, помош за извоз и заеднички вложувања на македонски и холандски фирми. Овие програми не се нови, но чувствуваме дека македонските фирми не се доволно информирани за нив, па затоа сега ги презентираме - вели холандската амбасадорка во Македонија, Мариет Шурман.

Таа вели дека македонските компании досега биле најзаинтересирани за помошта во експертиза, а досега не е искористен целосниот потенцијал на ниту една од програмите. Холандска помош секоја година можат да користат до 40 компании, секој инструмент е со различна сума, но една фирма може да добие грант најмногу до 750.000 евра. Не е важно од кој сектор се фирмите, а досега најзаинтересирани беа компаниите од областа на земјоделство, туризмот, производството на храна и информатичката технологија.

Холандско-македонската стопанска соработка ќе добие нова димензија со формирањето на Холандско-македонската комора, планирано за јануари идната година. Боб Смит, кој е извршен директор на комората во основање, вели дека генералното собрание ќе се одржи со 50 македонски фирми кои имаат јаки врски со холандски купувачи или имаат желба за тоа.

- Со нив ќе се работи интензивно за пристап на холандскиот пазар. Ќе се прават посети за купувачи и инвеститори. Најмногу холандски фирми заедно со македонски работат во текстилна индустрија, но, има основано и неколку холандски фирми. Добри резултати се очекуваат и во секторот за вино, каде првите чекори се направени, тројца македонски винари имаат извоз во Холандија, а очекуваме се повеќе, информира Смит.

Според него, најголем проблем во соработката е тоа што Холанѓаните не ги знаат можностите во Македонија, па нивното информирање ќе биде прва работа на Комората. Тој гледа најголем потенцијал за соработка во земјоделскиот сектор, за кој, како што вели, Холандија има огромно знаење во делот на производството и опремата, а е и најголем трговец со земјоделски производи.

Министерот за економија Ваљон Сарачини очекува Холандија да обезбеди најголема поддршка на туристичкиот, енергетскиот и млечниот сектор и потенцира дека и лани и годинава во делот на инвестициите Холандија е број еден во Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik